Во виното се потонати многу вистини и митови, тајни и мистерии, што го прават уште повеличествено. Во наредните неколку денови ќе објавиме помалку или повеќе познати факти за виното кои веруваме дека ќе направат да го засакате уште повеќе.
1. Хоризонтална поставеност на шишињата со вино
Најдобро е шишињата со вино да се складираат хоризонтално за да се избегне сушењето и ронењето на тапата која може да испадне во внатрешноста на шишето и да го уништи квалитетот и вкусот на виното.
2. Кој се сетил на зелената боја на шишињата?
Препознатливата зелена боја на шишињата за црвено вино е англиски изум од страна на Sir Kenelm Digby (1603-1665). Претходно, виното се чувало во бочви направени од животинска кожа.
3. Зошто чашата за вино се држи за продолжената дршка?
Чашата за вино има продолжена дршка и треба да се држи токму таму, со цел да се избегне затоплување на виното, што во голема мера влијае и на самиот вкус на виното при дегустација.
4. Изразот „Toast“ (здравица) потекнува од антички Рим.
Имено, Римјаните практикувале да ставаат парче печен леб-тост во чашата за да го ублажат киселиот вкус на виното.
15. Во античкиот Рим на жените не им било дозволено да пијат вино
Доколку мажот ја видел својата жена како пие вино, тој имал слобода да ја убие, бидејќи пиењето вино на жените им било најстрого забрането.