Консумирањето речиси совршено добро вино од најпрочуените вински региони во светот веќе не е привилегија само на оние со длабок џеб. Очигледно времињата се смениле, па токму соодносот помеѓу квалитетот и цената е една од најважните фактори за секој кој неможе да го замисли својот ден без вино, вистина која ја сватија голем број на винарии кои денес нудат можност да купите вино од долината на Рона или пак од новите светови, Австралија и Аргентина, за нешто помалку од 1000 денари. Пристапната цена и одличниот квалитет ги вметнува овие вина помеѓу најбараните на пазарот, па во малопродажната мрежа во секој поголем маркет може да најдете вакви вина кои секогаш се предизвикувачки. Подолу е листа од пет фантастични вина кои доаѓаат од најпознатите вински региони, а имаат цена која е прифатлива дури и за нас, македонците.
5. Domaine des Pasquiers Côtes du Rhône 2017
Иако е произведено во надалеку прочуената долина на Рона, ова вино е достапно по цена од само 700 денари. Темни вкусови на овошје во комбинација со мирисот на Медетиранот со секоја голтка силно го отсликуваат југот на француската ривиера. Балансот и длабочината се фантастични, особено ако го спарите со печено месо.
4. Yalumba The Y Series Viognier 2017
Иако продажна цена му е само 650 денари, ова јужно австралиско вино е едно од оние кои ја одбележаа годината која помина, сместувајќи се помеѓу 100те најдобри вина во светот според многу истражувања. Ако случајно или намерно го пронајдете на рафтовите, не пропуштајте да го купите.
3. Ruttenstock Gruner Veltliner 2017
Иако нас македонците Австрија повеќе не асоцира на скијачка, отколку на винска светска сила, сепак ова вино кое доаѓа во пакување од 1 литар е фантастично.
2. A.A. Badenhorst Family Wines The Curator White Blend 2017
За само 550 денари Ви предлагаме да го пробате ова јужно африканско вино кое е потврда дека и Африка полека, но сигурно станува сериозен играч на винскиот пазар. Ефтината цена е сосема спротивна од квалитетот на течноста која се крие во шишето, која може да се споредува и со најдобрите светски вина.
1. Colonia Las Liebres Bonarda Clasica 2018
Сосема за крај, за нешто помалку од 500 денари, не пропуштајте ни случајно да го пробате ова 13% алкохолно аргентинско вино кое во себе крие вистинска експлозија на овошја. Произведено од подзаборавената сорта Бонарда, не од италијанската, туку од нејзината француска варијанта, ова вино е апсолутен победник кога зборуваме за соодносот помеѓу квалитетот и цената.