Пробајте пастрмка во бело вино

Пастрмката подготвена на овој начин е неверојатно вкусна …
Потребно е:
3-4 пастрмки
250 мл бело вино
путер
2-3 ловорови листови
лимон
брашно
масло
сол

Подготовка:
– Пастрмките исчистете ги, измијте ги и посолете ги убаво од сите страни.

– Наредете ги во огноотпорна тава за печење премачкана претходно со путер и прелијте ги со бело вино.

– На страна промешајте 2 лажици брашно и 50 мл масло. Додадете ги листовите ловор. Со оваа смеса прелијте ги рибите.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

– Испечените пастрмки прелијте ги со сок од лимон.

Совет: Можете секоја риба да ја завиткате во алуминиумска фолија. Местото тогаш ќе биде уште помеко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *