Рибарите и годинава ќе пливаат по бурето со вино

Овој викенд Охрид повторно ќе биде во фокусот на вниманието на христијаните ширум Балканот. Во балканскиот Ерусалим и годинава се очекуваат бројни посетители по повод празниците Богојавление – Водици и Свети Јован Крстител, кој охриѓани го одбележуваат уште и како ден на рибарите.
Се разбира во главниот фокус на присутните ќе бидат потопувањето на крстот на Водици, но и потопувањето на бурето со вино на Свети Јован Крстител по кои и годинава ќе пливаат стотици охриѓани, но само еден, односно двајца ќе бидат најсреќни и први ќе стигнат до нив.
Традиционално, присутните на одбележувањето на Денот на рибарите ќе ги очекува греано вино и ракија, рибина чорба и пача.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *