Во чест на Свети Трифун, во Неготино ќе се избира најдобро вино и ракија

Во чест на верскиот празник Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите и кога симболично започнува закројувањето на лозјата, Неготино ќе избира најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Портпаролот на општината, Методи Митрев денеска информираше дека мостри од домашното производство можат да се доставуваат до 8 февруари.

– Стручни лица енолози ќе дегустираат и ќе го вршат изборот на најдобрите вина и ракии во рамки на традиционалната стопанско-културна и туристичка манифестација, која ќе трае од 12 до 14 февруари, соопшти Митрев.

На производителите на најквалитетните вина и ракии ќе им бидат врачени пригодни награди, на денот на одржувањето на централниот настан по повод Свети Трифун, 14 февруари, на градскиот плоштад во Неготино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *