Кавадарци се подготвува за чествувањето на Свети Трифун

И оваа година Општина Кавадарци достојно ќе го одбележи денот на заштитникот на лозарите и овоштарите, Свети Трифун.
Во рамките на подготовките за централната прослава на празникот, која и годинава ќе се оддржи на градскиот плоштад во Кавадарци, повторно ќе биде отстапен простор за промоција на традиционалното производство на пијалоци и храна од грозје.

За таа цел општина Кавадарци ги повикува сите заинтересирани прозиводители кои сакаат да ги промовираат своите производи на Градскиот плоштад да се јават на телефонскиот број 072 250 845 или да добијат подетални информации во Информативно -туристичкото биро лоцирано на Градскиот плоштад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *