Најстарото вино чувано во дрвени бочви се наоѓа во Стразбур

Во подрумот на старата зграда на болницата во Стразбур се наоѓа најстарото вино на светот чувано во дрвени бочви.

Се работи за алзашко бело вино од 1472 година, за кое научниците од Бургундија и Минхен открија дека досега било дегустирано само три пати, и тоа во исклучителни прилики.

Првиот пат бочвите се отворени во 1718 година на отварањето на зградата на болницата во Стразбур, втор пат во 1944 кога се прославило ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор и третиот пат во 1976 година за време на прославата на договорот за соработка помеѓу Цирих и Стразбур.

Ова вино во 2014 година било префрлено во резервоар од нерѓосувачки челик, а една година подоцна е вратено во дрвените бочви, каде може да биде чувано во наредните 250 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *