Со богата културно уметничка програма општина Кавадарци и годинава ќе го одбележи денот на заштитникот на лозарите и овоштарите, Свети Трифун.
Како и минатите години, така и оваа чествувањето ќе започне точно на пладне со закројување на виновата лоза, за да петнаесет минути подоцна бидат прогласени победниците од дегустацијата на вино и ракија организирана од Општина Кавадарци, Винотек, Здруѓеније на енолози, Напредни лозари и Winemakers.
За во 12 и 30 часот е предвиден настапот на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, во 13 часот и 45 минути ќе биде оддржана кратка престава во духот на празникот св.Трифун, а пладневната програма ќе заврши со настапот на Блажо Богев која е предвидена за во 14 часот.
Вечерта пак ќе биде во знакот на настапите на Александар Ангелов и Дрим тим кој е закажан за во 20 часот, а по него ќе следуваат настапите на Љубојна и Либеро бенд.