уѓето често сметаат дека подготвувањето на здрав оброк бара поминување на многу време во кујна.
Овој рецепт ќе ви покаже дека воопшто не е така и дека можете да си зготвите здрав и вкусен оброк само за половина час.
Одличната комбинација од разнобоен зеленчук ќе направи вашето јадење не само да биде вкусно туку и да изгледа одлично.
Состојки:
- 1 кромид, сечкан на коцки
- 2 чаши брокула
- 1 жолта пиперка, исечена на ленти
- 2 чаши моркови
- 1 ½ чаши шери домати
- масло
- сол и црн пипер
- мајчина душица
- лук
- црвена пипер
- пилешки гради
Начина на подготовка:
1. Наредете го зеленчукот во тава за печење во форма на виножито. Додадете сол и црн пипер, масло, неколку чешниња лук исечкани на пола и неколку гранчиња мајчина душица.
2. Пилешките гради ставете ги на парче алуминиумска фолија и прелејте ги со маслиново масло. Додадете сол и црн пипер, малку црвена пипер, гранче мајчина душица и лук. Завртете ги од другата страна и повторете ја постапката.
3. Печете сè заедно 30 минути на температура од 200°C.
Превземено од – skopjeinfo.mk