Црвено вино за слабеење?

Научниците од Вашингтонскиот универзитет докажаа дека содржаниот во грозјето, шумските плодови и црвеното вино, ресвератрол, го претвора салото во високо калоричните кафеави масти, објави “Дејли телеграф”.

Збогатувањето на храната со оваа состојка може да помогне во борбата против дебелината. Научниците дале ресвератрол на глувци во количина што одговара на содржаната во 350 г овошје за луѓето.

И покрај диетата богата на масти, глувците се здебелиле за 40 проценти помалку во споредба со оние кои не го добиле адитивот. Истражувањето покажува дека глувците успеале да го трансформираат вишокот бели масти во активните кафеави масти, со што се намалува дебелеењето, како и се согоруваат калории.

Други полифеноли во овошјето може да имаат сличен ефект, убедени се научниците. Особено богати со нив се боровинките, јагодите, малините, грозјето и јаболката.

Црвеното вино содржи ресвератрол, но многу помалку отколку грозјето. Многу корисни полифеноли во зрната се нерастворливи и се филтрираат во производниот процес.