Поради пандемијата, 100 милиони шишиња шампањ останаа непродадени

Продажбата на шампањ, еден од најпознатите француски производи, падна нагло оваа година поради пандемијата „ковида-19“, а претставниците на производителите проценуваат дека околу 100 милиони шишиња ќе останат непродадени, пишува „Франс 24“.

Поради падот на побарувачката за време на пандемијата, производителите се согласија да соберат 22% помалку грозје во француската провинција Шампањ годинава во споредба со минатата година.

  • Кога места како барови, хотели и ресторани каде што луѓето пијат се затворени и кога свадби и музички фестивали се откажани, се пие помалку шампањ – посочува Максим Тубар, претседател на Здружението на производители на шампањ.

Тој додава, според порталот Индекс, дека падот на побарувачката нема нужно да доведе до пад на цените и нагласува дека е важно да се зачува вредноста на производот за луѓето да не мислат дека ефтиниот шампањ е лош.

Превземено од – www.turistickisvet.com