Токај – Цар на виното и вино на царевите

Кога убаво ќе се најадите гулаш, a пред да станете да заиграте чардаш, во Унгарија задолжително треба да наздравите со Токај, вино за кое се вели дека е цар на вината и вино на царевите. Ова десертно вино кое се произведува од лозовите насади од областа Токај која се наоѓа во Унгарија и мал дел во Словачка по многу нешта е уникатно, а колку многу им значи на унгарците зборува и фактот што е опеано и во унгарската химна.
Виното кое содржи од 12 до 16 проценти алкохол 20% шеќер е спој на неколку внимателно одбрани сорти грозје на кои совршено им одговара климата во Токај, чудни пролетни денови, топли лета и пријатна есен со повремени дождови.

89646d95298466bd2264c755a120872a
Виното во областа Токај се произведува повеќе од 2000 години, период во кој се смениле стотици владатели, но сите останале покорни на виното Токај. Бројни историчари сеуште спорат дали царот на античкиот Рим бил првиот владетел кој се напил од гроздовиот нектар, но ова вино и ден денес е дел од трпезите на најпознатите монархии во светот.
Во 1606 година, полскиот благородник Мнишек по повод свадбата на неговата ќерка Марина со Лажниот Дмитриј во Москва носи триесет барели вино од Токај, кое набрзина станува апсолутен хит во денес главниот град на Русија, и постанува најбарано вино на пазарот. Виното стигнува и до Петар Велики, а колку ова вино станало значајно за русите зборува и фактот што во Санкт Петерсбруг се формира Комисија за унгарски вина, чија цел е да ја осигура редовноста на испораките. Она што ги прави вината од Токај фантастични е нивната сласт, која безуспешно се обидувале да ја копираат винопроизводителите од многу страни на стариот континент.

Tokaji-Selection-63KB
Токму специфичноста на ова винско подрачје е причината во август 2003 да биде ставено на списокот на светско културно наследство.
Но, која е вистинската тајна за овие вина. Пред се климата. Дождот и маглата во есенските денови предизвикуваат така наречено „благородно гниење“, кое создава совршена суровина со неспоредливо буке. Втората тајна секако се визбите во Токај кои самите по себе се посебна приказна. Вината Токај се произведуваат најчесто од четири сорти грозје, Фурминт, Зета, Жолт Мускат и Липовина, но нивниот спој самиот по себе не е пресуден за финалниот производ. Виното се прави од чисто суво грозје, што самото по себе говори дека добиената количина е многу мала. Поради високата содржина на шеќер од 40 до 60 проценти, ферментацијата се одвива многу бавно, и понекогаш трае неколку децении. Ваквиот процес го сместува ова вино помеѓу оние со најдолг животен век, но за жал и недостапно за најголемиот дел од винокусците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *