Хрватите пијат најмногу вино во Европа, или повеќе од 44 литри годишно по човек. Пред Хрватска се само Андора и Ватикан, но тоа се мали држави кои заедно имаат 86.000 жители.
Хрватите пијат повеќе вино од Французите и Португалците. Ова го покажа истражувањето направено од The Wine Institut во 15 земји од кои 14 се земји членки на ЕУ.
Во Ватикан жителите годишно пијат по 55 литри вино.
Зад Хрватите се Словенците, а на „винските“ земји Франција и Португалија им припаднаа 5 и 6 место. Последни на листата се Германците.