Виното е како музиката, денес може да сакаме да пиеме едно вино, утре друго, во зависност од расположението. За да си го збогатиме уживањето секогаш кога правиме промени, важно е да направиме добар избор и на чаши од кои ќе го консумираме нашиот омилен пијалок.
Бело вино
Се пие од помали чаши на високо столче кои можат да се држат а со раката да не го загреете виното во чашата.
Розе
Чашите за розе имаат повисоко столче од оние наменети за бело вино.
Се држат за столчето за со раката да не го зареете виното во чашата.
Црно (црвено) вино
Се пие од големи балон чаши кои имаат голем отвор што овозможува виното да го развие својот мирис и арома.
Шампањско
Се пие од тенки и високи чаши кои овозможуваат подолго задржување на аромата.
Идеална температура за чување вино е меѓу 14 и 16 степени за црвено вино и максимум до 12 степени за бело вино. Влажноста е поважна, таа треба да биде 80 отсто. Шампањците се чуваат на температура од 8 до 10 степени.
При конзумирање на различни типови на вино на една вечера, треба да се земе в предвид дека секогаш се почнува од полесните, белите вина, па потоа следуваат розе вината, а по нив потешките црвени вина. Полупенливите вина и шампањското се пијат по црвените вина, а благите вина се резервирани за крајот на вечерата.
И кај белите вина пожелно е да се придржувате до редоследот – прво сувите вина, прилично кисели и лесно екстрактни, потоа средно-киселите вина, но квалитетни, а на крајот доаѓаат вината со силна арома, т.н полни вина. Прво се пробуваат младите вина, а потоа дегустацијата се продолжува со постари вина. Овие правила се применуваат како за дегустација така и во бонтонот на сервирање на вина.