Спонтаниот, непланиран секс е една од најдобрите работи на светот. Но, голем дел од жените сакаат да знаат однапред за да се подготват и да изгледаат убаво за партнерот.
Тие ги прават следните работи.
Туширање и депилација
Скоро секоја жена ќе направи обид да ги отстрани несаканите влакна од своето тело. Жените сакаат да бидат нежни, чисти и да мирисаат убаво.
Лакирање на ноктите
На мажите не секогаш им паѓа во око дали жената е лакирана или не, но голем дел од жените обрнуваат внимание на овој детал, бидејќи сакаат да изгледаат понежно и поженствено со убав лак. Тие најчесто ја избираат црвената боја бидејќи е привлечна, или боја на страста.
Долна облека
Кога знаат дека мажот ќе ги соблекува полека, тие особено обврнуваат внимание на долната облека, односно мажот да не види бабински или оние памучни гаќички кои на жените им се најзголедни за носење. Кога постои можност за секс, жената на себе ќе ја стави најпредизвикувачката долна облека која ја има и нема премногу да се грижи колку е таа непријатна.
Чаша вино или две
Жената пред сексот со задоволство ќе испие чаша вино или две, за да се опушти. Дури и да имала милион пати секс со тој маж, таа секогаш сака да биде опуштена.
Облека
Секоја жена во секој момент сака да се чувствува секси, но особено во моментите пред секс, таа ќе обрне особено внимание на нејзината облека.