Отворен ден на машинскиот факултет во Скопје

Во рамките на активностите за промоција и привлекување на нови студенти, Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, во сабота, 13 мај, со почеток од 11 часот и 30 минути ќе организира Отворен ден исполнет со многу презентации, промоции, наградни игри и забава.
Отворениот ден кој ќе биде организиран во дворот на Факултетот, има за цел на матурантите да им овозможи подетално да се запознаат со новите студиски програми кои за прв пат ќе се изучуваат во академската 2017/2018 година, но и да ги разгледаат просториите на Факултетот, да се запознаат со наставниот кадар, да ги посетат лабараториите со што ќе можат да се запознаат со тековните научно-истражувачки проекти и да добијат вистинска слика за темите кои се изучуваат на секоја од насоките.
Во рамките на Отворениот ден, учество ќе земат и повеќе национални компании кои ќе ги презентираат своите брендови и услуги, а дополнително настанот ќе биде збогатен со едно летало кое ќе биде презентирано од страна на Пилот тренинг центарот кој врши обуки за пилоти, како и електрично возило од генералниот застапник на Мерцедес и Мицибуши во Македонија со кое сите посетители ќе можат да се запознаат одблиску.
Надвор од едукативните содржини, ќе биде организирана забава со позатите диџеи Гоце Саф и Чваре, промотивните активности на Ред Бул, и со богата наградна игра, која на двајца најсреќни ќе им донесе лаптоп компјутери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *