Бруто добивката на винрската визба „Тиквеш“ за првото тромесечие од 2017 година достигна 105,7 милиони денари, што е на релативно исто ниво како и во 2016 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Остварената бруто добивка е резултат на зголемените вкупни приходи од продажба кои забележаа раст од 17,3 милиони денари односно зголемување за 7%. Приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за 17 милиони денари, односно за 11%, додека приходите од продажба на странски пазари се на релативно исто ниво.
Оперативната добивка е зголемена за 10%, односно за 2,8 мил. денари, како ефект на оптимизирањето на оперативните приходи и расходи соодветно на продажбата. Како резултат на зголемената оперативна добивка и пониските финансиски расходи остварена е добивка од редовно работење од 20 мил. денари, што претставува зголемување за 5,8 мил. денари, соопшти компанијата.