Во винска Италија има се, па дури и вино со ликот на Хитлер. Иако во светот на бизнисот речиси се е дозволено, сепак жена чии роднини настрадале во логорот Аушвиц вели дека била шокирана кога во италијански супермаркет видела ги видела шишиња вино со етикета со ликот на фирерот.
Синди Хирш од Филаделфија се наоѓала на одмор со својот сопруг Мајкл на езерото Гарда во северна Италија, кога во еден супермаркет погледот им паднал на шишиња вино со ликот на Хитлер.
Едното вино било наречено „мајн кампф“ („мојата борба“), а другото „ајн фолк, ајн рајх, ајн фирер“ („еден народ, едно царство, еден водач“). На другата етикета Хитлер е прикажан како салутира со нацистичкиот поздрав, а едно шише имало етикета со ликот на папата Јован Павле Втори.
Таткото на Сидни е роден во Чехословачка и е еден од преживеаните од концентрациониот логор Аушвиц, додека нејзините други роднини биле убиени во истиот камп.
„Ова не е навреда само за Евреите, иако и јас и мажот ми сме Евреи. Тоа е навреда за целото човештво“, возбудено вели Сидни.
Локалното обвинителство соопшти: „Сакаме да ги увериме нашите американски пријатели што ја посетуваат нашата земја дека нашиот Устав и култура ги отфрлаат расизмот, антисемитизмот и нацизмот и фашизмот. Ова го навредува споменот на милиони луѓе и фрла дамка врз имиџот на Италија надвор од нејзините граници“.
Хирш вели дека му се пожалила на вработениот во супермаркетот за скандалозните етикети, на што тој ѝ одговорил: „Тоа е само историја, како што се Мусолини или Че Гевара.“
Обвинителот Марио Џулио Скинаја за Анса потврди дека во врска со овој случај е покрената истрага.
„Единствениот злочин што би можело да се додаде овде е извинувањето поради фашизмот. Меѓутоа, во овој момент би било згодно да се измисли злочин човекова глупост“, рече тој.
Италија во 1952 година го прогласи извинувањето поради фашизмот за криминал.