Складирајте го Вашето вино во подводниот вински подрум за само 17 евра

Во почетокот на 2013 година во Атлантски Океан беше отворен првиот вински подрум. Подрумот е на 150 метри оддалеченост од крајбрежјето, а е на длабочина од неверојатни 1.000 метри.

Вината се чувани во посебни сандаци со вграден сигурносен состав, за шишињата да не експлодираат од притисокот под водата. За дополнителна сигурност, сандаците се опремени и со подводни камери.

Клиентите во овој вински подрум можат да ги чуваат своите вина и до 10 години, а на секои две години им е овозможена дегустација на виното за да го следат неговото специјално стареење.

До подрумот клиентите се носат со бродови и подводни роботи, а и покрај необичната локација, почетната цена на услугата изнесува само 17 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *