Друштво, скара, омилена песна и врвно Мерло од ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“

Празничните денови, особено оние неработните се секогаш причина да го соберете друштвото, да ја запалете скарата и отворете плута од совршениот Мерлот на винарската визба Милеви „Гоце Делчев – Тиквеш“.
Се работи за квалитетно суво црвено вино, со раскошен овошен карактер, полно тело и лесни танини. Во овошниот карактер лесно ќе ги почуствувате препознатливите ароми на зрела цреша, боровинка и капина врзано со бакнеж на ванила. Овошно на вкус со мек и траен завршеток.
Причина повеќе зошто ова вино да ја збогати денешната празнична трпеза е и поради тоа што ова вино оди во комбинација со сите ваши омилени песни, но и со вашата омилена храна.
А кога сме кај храната, со Мерлото Ви препорачуваме да вкусите црвено месо, месо на скара, хамбургери, качамак, печен компир како и пржен зеленчук со печурки.
Се ужива на температура од 18 до 20 степени со добри пријатели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *