Научниците секојдневно ги потврдуваат позитивните својства кои ги има виното. Според нив само една чаша црвено вино дневно ги разградува маснотиите, го намалува нивото на холестерол во крвта и го спречува затворањето на артериите.
Испитувањата покажуваат дека тајната на неговото лековито дејство се крие во салицилната киселина која има поголема моќ од многу лекови, па се препорачува и како превентива за кардиоваскуларните заболувања. Она што е можеби најтешко во целиот овој процес, е да се сопре со пиење по првата чаша.
Освен тоа, виното е богато со магнезиум и витаминот Б, па делува опуштачки на човековиот организам и го заштитува од хроничен стрес, несоница, замор, нервоза и раздразливост. Во исто време витаминот Ц, кој го содржи, го јакне имунитетот и е препорака во ладните, зимски, денови.