За романтичарите кои уживаат да им подготват вкусни и слатки изненадувања на своите партнери, им препорачуваме круши во вино со карамела. Овој совршен десерт за овој период од годината е лесен за подготовка и идеален за секого.
Состојки:
Две поголеми тврди круши
200 гр шеќер
250 мл бело вино
200 мл вода
екстракт од ванила
50 мл слатка павлака
Подготовка:
Од шеќерот издвоите 150 гр и истурете ги во лонец заедно со виното, водата и екстарктот од ванила. Загрејте до вирење и шеќерот да се растопи. Излупете ги лушпите и пресечете им го дното за да стојат исправено.
Прекријте ги со течноста крушките, намалете ја температурата и крчкајте 40 минути. Не ги допирајте крушите за да не се оштетат.
Оставете ги крушите малку да се оладат, а во лонецот загрејте ги преостанатите 50 гр шеќер додека не потемни. Тргнете ги од шпоретот, додадете топла павлака, вратете на рингла и мешајте додека не добиете карамела сос. Сервирајте ги крушите додека се топли и прелијте ги со сосот од карамела.
Секако, не заборавајте да ги послужите со Темјаника на ВВМ „ГД-Тиквеш“.
Уживајте