Општина Кавадарци ја откажа манифестацијата Свети Трифун

Поради трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица, општина Кавадарци во целост ја откажува манифестацијата по повод празникот св.Трифун. Сите активности кои беа предвидени на Градскиот плоштад се откажуваат.

„Ова е голема трагедија за нашата земја, во овие тешки мигови не се опишува болката која ја предизвика оваа голема несреќа. Градоначалникот г-дин Митко Јанчев, Советниците од Совет на Општина Кавадарци и граѓаните на Општина Кавадарци изразуваат длабоко сочувство до семејствата на загинатите и брзо заздравување на повредените“ – се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот.

Од таму информираат дека граѓаните на Општина Кавадарци ќе може да присуствуваат на литургиите во храмовите и на симболичното закројување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *