„Стоби“ ќе ја прошири туристичката понуда со нов хотел

Македонија има светла иднина, особено кога во прашање е виното. Вакви се предвидувањата на првиот човек на винаријата „Стоби“, господинот Минчо Јорданов кој смета дека вината што се произведуваат кај нас може да се сметаат дека се блиску до еколошките.

– Ако европските стандарди дозволуваат да има резидуални елементи од прскање против болести и слично, ние во Тиквешкиот регион и особено Стоби имаме најсончева и најсува клима, па прскаме околу четири пет пати помалку од западните земји. По резидуалните елементи, нашето вино е близу до еколошкото. Ние имаме половина од стандардот на Европа за резидуални елементи. Но и храната на овие простори, исто како и виното ги одушевува странците – рече Јорданов.

stobi-vranec-veritas_md24_1

Тој нагласи дека нашата земја има можности за развој на винскиот туризам, но потребна е посилна инфраструктура со изградба на вински патеки, сместувачки капацитети, како хотели и слично.

– Винскиот туризам е синтеза на неколку економски позитивни ефекти. Имаме каде да ги прошетаме туристите, во нашата земја има што да се види, но потребни ни се сместувачки капацитети. Еве, овде во Стоби сме на два километра од автопатот, од европскиот коридор север-југ, а нема такви капацитети – додаде Јорданов.

vinarijata-stobi-otvori-vinski-restoran-za-posetiteli-73402

Тој откри дека планира изградба на хотел во Стоби, но и отворање на вински тури што ќе опфатат повеќе места во земјава, како што Скопје, тиквешкиот регион, Стоби, Охрид и Гевгелија, но и посета на места во северна Грција.

– Така туристите би можеле да уживаат во природните убавини, храната и виното, коцкарници и слично – нагласи Јорданов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *