Грозјето од речиси 7 и пол хектари лозови насади со кои располага Патријаршиската винарија веќе неколку години повторно се претвара во вино. Традицијата на производство на вино во Патријаршиските подруми во Сремски Карловци е продолжена, и тоа врз основа на знаењето и уметноста на правење вино стекнувано стотици години наназад. Подрумите се наоѓаат во Стариот двор, а лозовите назади се наоѓаат во најубавите предели во околината на Сремски Карловци.
Патријархот Арсениќ IV Јовановиќ Шакабента (1737-1748) подигнал капела посветена на Свети Трифун, што само по себе говори за тоа колку производството на грозје и продажбата на вино била важна не само за црквата, туку и за економијата на локалното население.
Патријаршискиот подрум како и секогаш чува врвни вина, како на пример Патријаршиското црно и Патријаршиското бело вино, како и најпознатото десертно вино, бермет кое е нешто посебно.
Кога сме кај виното Бермет, за неговиот квалитет говори и освоениот златен медал на своето прво претставување на Новосадскиот саем за вино. Покрај виното Бермет, Патријаршиската винарија доби и сребрен медал за своето Мерло, кое е исто така фантастично.
Патријаршискиот вински подрум е отворен за секој патник намерник, вљубеник во виното, и може да се посети секој работен ден од 8 до 16, односно од 10 до 16 часот за време на викендите.
Автор: Душко Стефанов