На официјален состанок во просториите на Кожувчанка ДОО, во средата, 27 февруари беше потпишан договор за соработка помеѓу Кожувчанка ДОО и Федерацијата на училишен спорт.
Во текот на целата 2019-та година постои план и програма направена од “Федерација на училишен спорт” која што секоја недела има свои активности и проекти, а сега заедно со Кожувчанка ДОО како верен поддржувач и помагател на спортот во државата ќе се обидат да го подобрат и зајакнат организацискиот модел на училишниот спорт, со кој веруваме дека ќе се постигнат поефикасни резултати во развојот на целокупниот спорт во нашата држава.
„Еден од планираните проекти за тековната 2019-та година кој што е содржан во нашиот маркетинг буџет е токму оваа соработка со училишниот спорт, како дополнителен мотив за младите спортисти, федерацијата и спортските работници. Се надевам дека секоја наредна година нашата поддршка ќе се зголемува, а ние ќе се вложуваме за да допринесеме во јакнење на овој систем, бидејќи нашиот најголем фокус, а воедно и за секое општество, се младите како основа и двигатели на едно здраво општество”- изјави за идната соработка Маркетинг менаџерот на Кожувчанка ДОО Кавадарци, Митко Јовановски.
„За разлика од останатите федерации, нашата е една комплексна федерација која што има една голема масовност со интеграција на сите 460 училишта (основни и средни), поткрепени со 36 општински сојузи на училишен спорт кои што сите здружени ја сочинуваат федерацијата. Голема благодарност до компанијата “Кожувчанка” за поддршката која што ја дава, и за овој почеток каде основен акцент се става на масовноста на младите во спортот и се надеваме на долгорочна и успешна соработка” – истакна Претседателот на федерацијата Александар Туфекчиевски.