Дека вината од винарската визба Милеви „Гоце Делчев – Тиквеш“ за кратко време успеаа да ги освојат симпатиите дури и на најпребирливите вљубеници во виното е непобитен факт, но кога би ја имале онаа неблагородна работа да го одбереме виното кое носи најголем дел од заслугите за тоа, секако без двоумење би го потенцирале „Вирго – мускат розе“.
За квалитетот на златниот бисер на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ освен илјадниците консументи, говорат и златните медали освоени две години по ред, 2015 и 2016 година на еден од најпрестижните балкански вински настани, „Новосадски сајем“ во Србија.
„Вирго – мускат розе“ се карактеризира со силна мускатна арома помешана со малина. Нектар, со позадински вкус на мед, остаток од природен гроздов шеќер и цитрусна позадина, кои му даваат таква комплексност, што секој љубител на вино веднаш се пронаоѓа во ова изворендно вино.
Се препорачува со лесни меса со сладок прелив, риба, похована храна, а совршено одговара и со свежи печурки и разни типови на кашкавал.