Во септември, штипското вино ќе се промовира во Унгарија. Ова, меѓу другото го договори делегацијата од општина Штип, која беше во неколкудневна посета на пријателскиот град Ѓонѓош.
Имено, Ѓонѓош е втор по големина регион познат по производството на вино во Унгарија, и годишно организира два саеми за промоција и презентација и на домашни и странски производители :
Делегацијата од Штип учествуваше на нивниот традиционален саем на вино кој е познат како „Денови на Матра“. Винскиот фестивал се одржува два пати годишно, во мај и септември, па се надеваме дека во септември некоја од нашите винарии ќе се претстават таму, изјави Драган Ристов, сов. За односи со јавност во општина Штип.
Освен виното, двата града ги спојува и високото образование. Токму ова е уште една можност за соработка меѓу двате општини:
Можност за соработка се нуди и во сферата на високото образование бидејќи и во Ѓонѓош има Универзитет при што остварена е посета и на Универзитетот Кароли, истакна Ристов. Исто така, наскоро договорено е гостување на штипско фолклорно друштво на фестивал во Ѓонѓош, а забрзана е и процедурата за збратимување на двете општини.
Ова е прва посета на штипска делегација на Ѓонѓош, по онаа на нивна делегација во Штип минатата година.