„Златното“ Шардоне на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“

Консументите на вино секогаш се оние кои што одлучуваат дали вината се добри или не, нивниот суд кога ќе застанат на рафтот пред вина е одлучувачки, но кога покрај нив, потврда ќе стигне и од винските натпревари, тогаш со сигурност сте направиле вистински погодок. Виното Розе Мускат од брендот Вирго на винарската визба „Гоце Делчев – Тиквеш“ за кое веќе пишувавме дефинитивно е едно од ваквите вина, барано, порачувано, купувано, наградувано, подарувано, но на врвот на „пиедесталот“ не е осамено, а главниот конкурент е Вирго Шардоне.
Со два освоени златни медали од престижниот Новосадски сајем и тоа две години по ред, 2015 и 2016 година, Шардоне-то на винарската визба „Гоце Делчев – Тиквеш“ го потврди својот квалитет на кој што се навикнаа илјадници вљубеници во виното.
Ова вино се карактеризира со вкус на зрела јаболка комбиниран со цитрусна позадина која му дава на ова вино лесен, свеж, хармоничен и долготраен шмек со продолжен завршеток.
Се препорачува во комбинација со лесни меса, пилешко (печено или во крем сос), мисиркино, пастрмка, лосос, морски плодови и разни тестенини.
Достапно е во широко продажната мрежа во сите подобро снабдени маркети, како и во винотеката на винарската визба „Гоце Делчев“ лоцирана на улица Шишка бр.2.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *