На денот на заштитникот на лозарите и овоштарите, Свети Трифун, Кавадарци ќе добие ново, супер ексклузивно катче за вински дегустации, промоции и презентации, но и локација каде што секојдневно ќе се шири винската култура од највинскиот регион на Балканот.
Од утре, четврток, 14ти февруари, на големо задоволство на сите вистински вљубеници во неговото височество виното, ресторан „Ексклузив“ ширум ќе ги отвори вратите на својот нов вински подрум и дегустациона сала каде ќе може да се ужива во најдобрите вина од земјата и регионот. Се разбира, за целосно гастрономско уживање ресторанот на сите винокусци ќе им понуди специјално подготвено мени кои совршено спарингуваат со понудените вина.
Отворањето на винскиот подрум и дегустациониот центар кои се совршено вклопени во целиот ресторански амбиент се само потврда за следењето на светските трендови на врвните ресторани, категорија во која со сигурност спаѓа и ресторан Ексклузив, за создавање на посебен простор за вински дегустации во кои ќе може да се почуствува се она што го крие во себе секоја голтка вино.