Оваа торта е една од оние за кои мајка ви ќе ви каже: сакаш да правиме заедно една многу лесна торта? А потоа ќе ве остави да ја направите сами…ете толку е лесна.
Рецептот е од нашата читателка Рада Живанова, а всушност, ја направила нејзината ќерка Бојана. По стариот добар принцип…ај да правиме заедно една многу лесна торта…
Состојки:
2 пакувања пишкоти
800 г павлака
свежи јагоди
Приготвување:
Земате тава и редите еден ред пишкоти, ги ремачкувате со павлака, а одозгора редите јагоди. Потоа имате уште еден ред пишкоти, па павлака и завршувате со јагоди.
Лесно се прави, ама се јаде дури следниот ден.
Верувајте, мора да отстои во фрижидер.