Викенд Мени

Состојки:

800 г свинско без коски
500 г замрзнати или свежи капини
500 мл вино од капини
1 млад кромид
2 чешниња лук
2,5 лажици маслиново масло
1.5 лажица балсамико
1 лажица скроб и 1 лажица топлла вода (по потреба, доколку сакате погуст сос)
Со, црн пипер

Приготвување:

1. Премачкајте го месото со пола лажица масо, посолете, ставете црн пипер и поросете со исечкан лук.
2. Ставете во тенџере 2 лажици масло и почекајте да се загрее. Додадете исекан кромид и пропржете го маку. Додадете го исечканиот лук и пропржете уште малку. Додадете вино и почекајте да зоврие. Варете додека количината не се нааи на пола.
3. Во друг сад сварете 250 г капини додека не добиете конзистенција како џем. Додадете го остатокот од капините и оцетот балсамико. Мешајте и гответе на ниска температура неколку минути. Згмечете ги капините. Ако сакате погуст сос, можете да доидадете скроб помешан со топла вода и се заедно уште кратко да продинстате.
4. Во рерна загреана на 250 °C ставете го месото да се пече. Кога е биде готово прелијте го со сосот од капини.