Винаријата Бовин е првата винарија во приватна сопственост во Македонија. Компанијата е основана во 1998 година, година кога беа произведени 120.000 шишиња висококвалитетни бели и црвени вина. Токму овие вина Бовин ги претставуваше во 1999 и 2000 година на Саемот Агро-Експо во Скопје каде „Венера“ ја освои шампионската титула во категоријата црвени вина, додека на сите други вина им беа доделени златни медали. Бовин продолжи да биде 7 години Шампион за црвените вина на „Агро-Експо Саемот 2001, 2002 и 2003“ во Скопје со виното „Дисан“ и 2004, 2005 година со виното „Дарон“. Ова беше најголема награда на саемот и уште еден доказ за квалитетот на вината Бовин. Винаријата Бовин исто така учествуваше од 1999 – 2003 година на белградскиот саем „Светот на виното“ освојувајќи големи златни медали и златни медали, со што стана целосен победник на Саемот.
Погледнете ја винската листа на Бовин овде.