Министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс минатата недела „работеше“ како неформален македонски промотор на домашното црно вино кое што го однесе во емисијата на двајцата популарни холандски ТВ водители Роб Де Вијк и Аренд Јан Боекестијн.
Во една од најгледаните холандски тв емисии нашето вино и винарии добија најдобра можна бесплатна реклама, и тоа лично од шефот на холандската дипломатија пред холандската јавност го откри, за овој пазар помалку познатото македонско вино.
Во своето обраќање Кундерс зборуваше за специфичноста на домашните македонски вина, потенцирајќи дека дел од нив се на нивото на квалитет на познатите македонски винарии кои исто така произведуваат врвни вина.