Филип Оснетон го собори светскиот рекорд за број на вински чаши кои може да се држат во една рака. Тој успеал да задржи дури 51 чаша, што значително го надминува претходниот рекорд од 39 чаши. 43-годишниот британец изјавил дека оваа уметност ја совладал работејќи во Риц хотелот во Лондон.
Во првиот обид успеал да одржи 45 чаши, веќе во другиот рекордот се качил на 51 чаша.
Претходниот рекорд е постигнат во 2007 година во еден ресторан во Барселона, а го остварил човек од Филипини.