Во САД откриено вино старо колку самата држава

При реновирање на музејот Либерти хол во Њу Џерси, пронајдено е вино старо речиси колку и Соединетите Американски Држави.
Музејот соопшти дека се пронајдени три полни кутии со вина од Мадеира, коишто датираат од 1796, како и 42 стаклени кригли од 1820-тите. Куповната вредност на артефактите засега не се соопштува.
Историјата пак, вели дека тогашните 13 американски колонии купувале 95 отсто од виното произведено на португалскиот архипелаг Мадеира.
– Тоа било најпогодно за транспорт во 18. век, оти скоро никогаш не се расипува. Може да отстои и со векови, доколку се чува како што треба, објаснува директорот на музејот, Бил Шрох.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *