По спектакуларното издание на фестивалот Егзит, на кој се собраа повеќе од 215.000 луѓе на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, трагачите по забава се префрлија на јадранската ривиера каде овој викенд е во тек четвртото издание на Си денс фестивал.
Посетителите во текот на трите дена тие ќе имаат можност да ги слушаат настапите на ѕвезди како што се Џон Њуман, Фетбој Слим, Шон Пол, Махмут Орхан, Денис Хорват, Амели Ленс и бројни други. Секако, при гостувањето на ваквите ѕвезди секогаш нивната рајдер листа предизвикува особено внимание, па еве што ќе конусмираат дел од нив.
Џон Њуман
Британската соул ѕвезда Џон Њуман, кој со свој ексклузивен настап официјално го отвори годишаниот Си денс фестивал, по доаѓањето во Будва го чекаше омиленото француско црно и бело вино со врвен квалитет. Зад сцената, популарниот изведувач ќе има три соблекувални за него и за неговиот тим. Сите соблекувални мораа да бидат добро осветлени, со удобен мебел, огромно огледало и пристап до бања и туш кабина.
Фетбој Слим
Фетбој Слим синоќа приреди вистински аудио-визуелен спектакл на плажата Јаз. За потребите на настапот познатата музичка ѕвезда барала воздушни сирени. Пред да излезе на сцената пак, мораше да има овошно смути и шест енергетски чоколатца.
Шон Пол
И денсхол кралот од Јамајка, Шон Пол, има свои посебни барања. Овој хитмејкер зад сцената пред денешниот настап ќе го чека шише со рум, а по концертот, кој би требало да биде енергичен, тој својата сила ќе ја врати со храна – му биле потребни вегетаријанска пица со сирење и ананас.