Ова едноставно правило е се што треба да знаете кога станува збор за комбинирањето на вина со италијански тестенини. Состојките на сосот ќе ви помогнат да најдете фантастично вино кое одговара со него.
Еве неколку примери:
Тестенините со едноставен сос од путер и медитерански зачини најдобро одговараат со свежо, младо, чисто вино.
Шпагети со школки и тиквички се комбинира со ароматично вино.
Тестенини со јајца како Pappardelle со порцини печурки бара полно бело вино.
Богатите, солени шпагети ala carbonara совршено одат со бело вино.
Присуството на домати во сос пак секогаш е доволен сигнал да изберете црвено вино кое ќе се спротистави на слабиот сладок вкус на доматите.