Црвеното вино ги уништува штетните бактерии

Со умерено конзумирање на црвено вино се уништуваат штетните бактерии и се подобрува здравјето.
Ова го покажале резултатите од најновот истражување на американскиот Универзитет во Мисури. Консумирањето една чаша црвено вино дневно не само што звучи примамливо, туку е и добро во борбата против бактериите кои се создаваат во стомакот. Имено, истражувањето покажало дека виното ги уништува бактериите ешерихија коли и листерија и го спречува нивното натамошно размножување.
Притоа не се уништуваат корисните бактерии кои се наоѓаат во дебелото црево. Балансираното присуство на бактериите во стомакот може да помогне при варењето на храната. Тие го регулираат имунолошкиот систем и произведуваат витамин К, кој има клучна улога во згрутчувањето на крвта. Истражувањето укажува дека алкохолот не е тој кој помага во одбрана од бактериите, туку тоа се соединенија на полифенолот кои се наоѓаат во виното. Полифенолите се соединенија кои се наоѓаат во билките и помагаат во заштитата од разни болести.
Покрај црното грозје, богат извор на полифенол се кафето, чајот, чоколадото и јаткастите плодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *