Шест златни медали и едно признание „светски шампион” освоија македонските вина на меѓунарондиот натпревар „Вино Љубљана” што се одржа деновиве во словенечката престолнина.
Златен медал и признание „Светски шампион” освои бутик-винарницата„Домеин Лепово”, во состав на винарницата „Тиквеш” од Кавадарци, за виното Domaine Lepovo Grand Cuvee (2015), а со злато се врати и делегацијата на матичната компанија, за виното Cabernet Franc Special Selection (2016) на „Тиквеш”.
Два златни медала освоија винатааа Verdot (2012) и виното Veritas (2013) на винарницата „Стоби” од Градско, од линијата „приватна резерва”.
Со златен медал беше потврден и квалитетот на виното Ten Barrels Reserve Cabernet Sauvignon (2015) на винарницата „Шато Камник” од Скопје.
За наградите одлучуваше жири-комисија од 48 вински критичари од 15 земји, кои го дадоа своето мислење за 430 вина од 19 држави од сите краишта на светот. „Вино Љублљана” важи за еден од најстарите меѓународни вински натпревари во светот.