Единсвеното нешто подобро од шопинг на шише црвено вино во супермаркет или винотека е да нурнете во море и самите да го одберете Вашето омилено вино. Оваа ексклузивна можност ја нуди винаријата Edivo Vina лоцирана на полуостровот Пељешац, оддалечен само половина час од Дубровник.
Винаријата ги созрева вината под вода и тврди дека морето е совршена визба без никаков стрес, бука и со идеална температура.
Секое шише се остава да отстои три месеци, а потоа се става во амфора налик глинена стомна и се потонува на длабочина помеѓу 13 и 25 метри.
Шишињата остануваат на морското дно неколку години за да им се овозможи незаборавно искуство на посетителите. Тие нуркаат заедно со член од персоналот и сами го одбираат шишето кое ќе го купат.
Винаријата го заштитува секој производ со два слоја гума за да спречи било какво протекување или уништување на шишето.