Шише Пенфолдс продадено за 35 илјади евра

Шише исклучително ретко вино на познатата австралиска винарија „Пенфолдс“, е продадено за 51.750 австралиски долари (35.158 евра).
Веста ја објави локалната аукциска куќа „MW Wines”, која наведува дека оваа цена може да претставува рекорд кога е во прашање цена на поединечно шише вино, пренесе Хина.
Станува збор за виното „Пенфолдс гранж“ од 1951 година, од првата берба на ова црно вино од збирката што се темели на шираз, од која се останати помалку од дваесетина шишиња.
-Многу ретко се постигнува ваква цена, но ова шише е дел од историјата на австралиското вино. Мислиме дека тоа е едно од најскапо продадените вина во Австралија, изјави Ник Стамфорд, сиопственикот на “MW Wines”, не откривајќи го името на купувачот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *