2017 Полека ги троши деновите од својата втора половина, но веќе на светскиот вински маркет се издвоија петте винари кои ќе ја водат битката за најпродавано вино во светот. Конкуренцијата е застрашувачко силна, во првите пет замислите нема место за ниту една француска, шпанска, италијанска и воопшто европска винарија.
5. Роберт Мондави
Ова е едно од најдобрите светски вина кои можете да ги најдете на пазарот се дело токму на оваа винарија. Директно од долината Напа во Калифорнија, винаријата Роберт Мондави произведува фантастични вина, меѓу кои е и нивното автобиографско вино Фум Бланк.
4. Чањи
Кој вели дека кинезите немаат добри вина. Винаријата која постои од далечната 1892 е најголемата светска винска компанијата, која произведува повеќе од 90.000 тони вино, најчесто суво бело и суво црвено, кои се продаваат насекаде низ светот.
3. Гало
Гало е уште една винарија од калифорниската долина која има неверојатен успех на светскиот пазар. Винаријата ја користи старата семејна традиција во производството на вино. Тие произведуваат квалитетни вина полни со вкусови, иако цената за истите е неверојатно достапна за секого.
2. Конча у Торо
Најголемиот произведувач на вино во латинска Америка е една од водечките винарии по продажба во светот. Иновативниот пристап во сите сегмени и донесе огромен раст на винаријата која постои од 1883 година.
1. Барфут
Одличниот вкус и достапната цена за секого повторно ги прави вината на Барфут најпродавани во светот. Од бели, пенливи, црвени па се до розови вина, сите тие поседуваат неверојатна мешавина на вкусови и мириси. Винаријата која е оформена во 1965 во гаража и која до 1995 година произведуваше само 4 типови на вина, сега има винска карта од 33 одлични вина, кои и го носат првото место.