Започнуваат деновите на вино и љубов

Постојат многу љубители на виното кој тешко се снаоѓаат во разговор за истото, иако имаат и доволно познавања, дури и кога станува збор за нивното омилено вино, кога е потребно гласно да говориме за неговити карактеристики, но, ете, знаеме да бидеме и колебливи во одговорите и сиромашни со винскиот речник.
Со една реченица, ма колку и да сме негови обожаватели и конзументи разговорот за неговото величество, виното, е сериозна препрека за многумина од нас.
Вокалните комуникации на темата сеуште ги чуствуваме како табу, а сме и производители и конзументи, и на светската винска мапа солидно котираме. Сепак, потребно е уште време за да продриме до овие длабочини, но затоа пак ниту за момент не треба да се ставиме на апстиненција поради нашето слабо познавање на одредени вински муабетења.
Затоа вечер, одберете ресторан и со саканата под рака, прво на маса и одберете вино кое ќе и биде партнер на Вашата идеа за убав финиш, а после, е после, слободни активноси во кревет, во среда навечер.

winesex
Изборот е сепак индивидуално решение, впрочем како и се во животот. За нас најважно е дека сме на прав пат. Пиењето вино е уметност пријатели.
На здравје, до следната средба.
P.S. Среда е убав ден за чаша вино и малку љубов…..да го дочекаме…

Боемот

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *