Со концерт на големата македонска музичка ѕвезда, Владо Јаневски ќе биде заокружено годинешното чествување на заштитникот на лозарите и овоштарите, Свети Трифун, кое годинава ќе донесе неколку интересни настани.
Чествувањето ќе започне во 11 часот и 40 минути со културно уметничка програма на градскиот плоштад, како увертира во традиционалното закројување на виновата лоза кое е предвидено за во 12 часот. Од 12 часот и 30 минути до 15 часот свој настап ќе имаат балетското студио „Венус“, фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ и група „Акустико“.
Вечерната програма започнува во 20 часот со настапот на бендот Trilogy, во 20 часот и 45 минути на сцената ќе се појават Лексикон, додека пак почетокот на концертот на Владо Јаневски е закажан за во 21 часот и 30 минути. Вечерта ќе ја затвори DJ Lucky.
Од кабинетот на градоначалникот Јанчев информираат дека целиот плоштад ќе биде уреден во духот на празникот Св.Трифун, на кој ќе бидат поставени штандови со традиционална храна, вино, маџун и производи од грозје.