По повод празникот „Свети Трифун“, во организација на Здружението на писатели “Тивешки Цветови” и Винарска визба “Тиквеш”, во Кавадарци се оддржа поетски настан “Falling in wine with you”.
Покрај од „Тиквешки Цветови”, учествуваа и поети од Штип и Демир Хисар, како и еден поет од Унгарија.
Во своето обраќање кон присутните, поетесата Вероника Костадинова рече дека празникот Свети Трифун е многу значаен за луѓето од Тиквешијата, затоа што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
Во рамките на настанот, поетите рецитираа стихови, меѓу другото посветени и на виното и љубовта.