И државниот врв закрои со кавадарчани

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев по повод одбележувањето на православниот празник Свети Трифун денеска присуствуваа на традиционалното закројување на виновата лоза во Кавадарци.
На градскиот плоштад претседателот Иванов со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и митрополитот повардарски Агатангел симболично ги закроија виновите лози и упатија желби за родна година.
Македонскиот претседател им го честита празникот на граѓаните и во духот на нашата традиција посака св. Труфун на лозарите да им донесе многу бериќет, а на винарите квалитет.

„На овој ден посакуваме годината да биде родна и благородна, да биде успешна не само за винарите и за лозарите туку и за сите нас“, рече претседателот Иванов.

1

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, порача дека годинашното одбележување на Свети Трифун треба да биде почеток за една нова состојба и нови стандарди во лозарството.

„Винарските визби да бидат тие што ќе прават добро вино, лозарите добро грозје, а државата да биде таа што ќе нè заштити, заедно со Општината, за грозјето и родот да ни се плаќа навреме“, рече Јанчев.

zaev-343-
Премиерот Заев пак, придружуван од министерот за земјоделство Љупчо Николовски, на градскиот плоштад во Кавадарци се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев со кого наздрави со вино на еден од штандовите со производи од тиквешкото поднебје, посакувајќи здравје и среќа и подобри денови за лозарите и за сите граѓани на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *