Во присуство на заменик Министер за Локална самоуправа на Р.Македонија Дејан Павлески минатата недела во Росоман беше потпишан договорот за партнерство помеѓу фондацијата „Тиквешки вински пат“, општина Росоман и Италијанско-Грчката Комора, со што отпочнаа процедурите за регистрација и имплементација на проектот „Тера вино“, одобрен преку прекуграничната програма Македонија -Грција ИПА 2.
Договорот го потпишаа Виолета Јанкова, директор на „Тиквешки вински пат“, Градоначалникот на Општина Росоман, Бранко Јанев и Марко де-ла Пупа, директор на Италијанско Грчката комора како водечки партнер.
Проектот ќе се реализира 18 месеци, при што ќе биде реновиран објект од 700м2 наменет за изградба на комплетно опремен изложбен центар за храна, вино и туризам во Општина Росоман, ќе се формира Македонско грчки кластер за туризам, ќе се подготви и промовира нов туристички производ, ќе се набави лабараторија, ќе се развие марка за квалитет и ќе се спроведат други активности.