Петте најубави сицилијански вина

Освен по мафијата, Сицилија е позната и по виното. Всушност, Сицилија има повеќе лозја од било која друга област во Италија. На поголем дел од лозјата се произведува грозје за слатката и сува марсала. Интересно е што порано лозарите призведувале грозје за околу 30-тина винарии кои постоеле во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Денес, многу од нив отворија свои мали винарии и нивниот број се зголеми на преку 300.
Додека големите и етаблирани производители, како што се „Tasca d’Almeria“ и „Regaleali“ создаваат најразлични врсти вино, малите производители се свртени кон посебните сицилијански сорти. Најпознато црвено грозје е „d’avola“, кое варира од лесно и со полн вкус, до грозје кое има земјест вкус и арома на зачини.
И на вулканските падини на Етна се одгледува грозје уште од 5-от век пред новата ера. Најпозната сорта на бело грозје е „кариканте“. Ако го пробате виното од оваа сорта, ќе сфатите дека има густ вкус и арома на квасец. Од црвеното грозје ќе го одвоиме „нерело маскалезе“, кое има нежни овошни тонови. Во комбинација со друга сорта на „вулканско“ грозје – „нерело капучо“, се добива вкус кој е многу сличен на „пино нуар“.
Но, кои се петте врвни вина кои ни доаѓаат од југот на Италија. Еве го нашиот избор
Tasca d’Almerita Regaleali Bianco

1
Прекрасна мешавина од „греканико“, „инзолија“ и „катарато“. Ова ароматично бело вино одлично оди во комбинација со морска храна. Има богат и интензивен вкус. Цената му е околу 500 денари за шише.
COS Pithos 2008

2

Ова вино се произведува во една од најпознатите винарии на овој италијански остров. Станува збор за одлична мешавина од „d’avola“ и „frapatto“. Виното зрее во амфори од теракота. Има земјест и вкус на кедар. Цената му се движи околу 2.200 денари.

Cottanera Etna Rosso 2007

3

Се прави од сортата „nerello mascalese“. Богато црвено вино кое одлично оди со морска риба. Има потекло од Етна и има цена од 3.000 денари.

Manenti Cerasuolo di Vittoria 2008

4

Интересен микс од „nero d’avola“ и „frappato“. Ова одлично црвено вино со мирис на цреша може да се комбинира со јагнешко месо и паста. Цена: 1.000 денари.

Occhipinti il Frappato 2008

img_5125

Уште едно црвено вино на листата сицилијански вина. Има овошна нота, поточно нота на малини и вкусна киселост. И белото „Окипинти“ е одлично. Во ова вино можете да уживате за 1.500 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *