Фаворитите на винотика.мк

Деновиве прочитав еден текст за виното од еден млад колега кој во еден момент ќе констатира „Виното е уметност на менување на мислењето на конзументите за него???“. Иако ја почитувам, во голем дел не се согласувам со неговата констатација. Најпрво, никогаш не би се согласил дека денес можам да имам високо мислење за божјата капка, а веќе утредента со трезна глава да го променам мојот став. Извини пријатели, но ако и не е доцна, не сте подготвени да бидете дел од привилегираните.
Сепак, нема да се трудам да Ве разубедувам со зборови, туку со вина, и тоа одбрани. На мојата листа се дел од вината на големите винарии, секогаш присутни за пресметка со титаните, но и од малите семејни и нови винарии кои се присутни околу нас. Листата е составувана по три години непроспиени ноќи, секојдневно дружејќи се со виното, и по бескрајните разговори со нашите пријатели со кои редовно кршиме збор на нашата омилена тема, кои се фаворитите на боемската дружина на vinotika.mk од винска библиска Македонија.

zlatna ripka 2
За вкусовите не се дискутира, но сепак Ви ја отвораме последната винска карта на боемот…
Црвените вина на Македонија се приказна сама за себе
Аура Сира Барик – Стоби
Мерлот Барик – Бовин
Вранец – Изворно (берба 2009)

Бели вина кои зборуваат
Фиано – Винарска визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“
Темјаника – Камник (голден 2017)
Шардоне – Далвина

Неблагодарно, но виното молчи само кога не е отворено. На здравје, на здравје…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *